сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 90 ново

Профитот на „Македонски телеком“ се намалил за 11,3 милиони евра

telekom_1

Просечно месечно добивката паѓала за речиси 2 милиони евра додека трошоците за плати на вработените растеле за 150.000 евра просечно месечно.

Профитот на групацијата „Македонски телеком“ паднал за 11,3 милиони евра за првите шест месеци годинава во споредба со првото полугодие лани, покажуваат податоците од неревидираниот консолидиран биланс на успехот (по природа на трошоци) што најголемата компанија во земјава за мобилна и фиксна, телефонија, интернет и кабелска телевизија го објави денеска на Македонската берза.

За првото полугодие годинава профитот на групацијата „Македонски телеком“ изнесува 1,066 милијарди денари (околу 17,3 милиони евра). Лани најголемата телекомуникациска групација за истиот период остварила профит од работењето, кој изнесувал 1,763 милијарди денари (28,6 милиони евра).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top