четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Мирослав Стојановски воено аташе во Брисел

miroslav stojanovski

Поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, е новиот воен претставник на Македонија во НАТО и во ЕУ во Брисел, пишува „Дневник“.

Министерот за одбрана,Талат Џафери, го потпишал решението за Стојановски пред два дена. Стојановски беше началник на Генералштабот до пред две години, а сега е офицер со највисок чин во армијата.

Министерот Џафери назначил уште седум воени аташеа, чиј мандат ќе биде три години. Првиот македонски воен аташе во Кина ќе биде полковник Смилјан Јурдана. За воен претставник во Велика Британија е назначен полковник Зоран Секуловски, поранешен портпарол на АРМ и офицер за врски во првиот македонски контингент во Ирак во 2003 година.

Воено аташе во Грција ќе биде потполковник Сафет Мициновиќ, во Франција полковник Енвер Јакупи, во Германија потполковник Чедо Јаќимовски, во САД полковник Велин Стојановски, а полковник Kруме Велков е новиот воен претставник при постојаната мисија на ОБСЕ и одбранбено аташе во Австрија, Словенија, Чешка, Словачка и во Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top