сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 74 ново

Разговор со Ко­чо Би­то­ља­ну – седумдесет години по атентатот врз бу­гар­ски­от по­ли­ца­ец Ма­не Мач­ков

Истрел за атентат - Коска за бугарско грло

„Тре­то­то по­лу­вре­ме“ ги за­ка­чи бу­гар­ски­те нер­ви. Фил­мот ги по­тсе­ти на за­бо­ра­ве­но­то фа­ши­стич­ко ми­на­то и на те­ро­рот во Ма­ке­до­ни­ја. Но, тоа не е но­во искус­тво за ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја. Исто не­ги­ра­ње пре­жи­веа и „Истрел“ на Бран­ко Га­по. Два­та фил­ма има­ат уште ед­на за­ед­нич­ка цр­та – „Истрел“ поч­ну­ва со сце­на од фуд­бал­ски­от нат­пре­вар Лев­ски-Ма­ке­до­ни­ја, те­ма­та на фил­мот „Тре­то по­лу­вре­ме“.

Ре­пуб­ли­ка овој пат по­тсе­ту­ва на 70го­диш­ни­на­та од атен­та­тот врз бу­гар­ски­от по­ли­ца­ец Ма­не Мач­ков и 40-го­диш­ни­на­та од пре­ми­е­ра­та на фил­мот „Истрел“. Но, филм си е филм, а жи­вот­ни­те при­каз­ни се­ко­гаш се по­жи­во­пис­ни – осо­бе­но ако ги рас­ка­жу­ва Ко­чо Би­то­ља­ну, глав­ни­от атен­та­тор на Мач­ков.

 Ка­кви чув­ства бу­дат кај Вас бу­гар­ски­те об­ви­ну­ва­ња за „Тре­то­то по­лу­вре­ме“, го пра­шав 88-го­диш­ни­от Ко­чо Би­то­ља­ну. Не стиг­на да ми од­го­во­ри. „Ооо, са­мо пцо­сти ре­ди, са­мо пцо­сти“, до­фр­ли не­го­ва­та со­пру­га и врс­нич­ка Је­ли­ца.

И не е чу­до. Ко­чо во мла­до­ста ги има пре­жи­ве­а­но и бу­гар­ски­те не­прав­ди и ме­то­ди­те на пре­вос­пи­ту­ва­ње. Но, не им потк­лек­нал. На­про­тив, уште ка­ко уче­ник ор­га­ни­зи­рал раз­ни ак­ции, про­те­сти во ма­шка­та гим­на­зи­ја, де­ле­ње ле­то­ци со ан­ти­бу­гар­ска со­др­жи­на. Но, тоа по што име­то на Ко­чо Би­то­ља­ну е вре­жа­но во ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја е атен­та­тот врз Ема­ну­ел Мач­ков – Ма­не, озог­лас­ни­от бу­гар­ски по­ли­ци­ски пу­лен, лич­но од­го­во­рен за сто­ти­на ап­се­ња, ма­че­ња и убис­тва на ма­ке­дон­ски­от от­пор. Ме­ѓу дру­ги­те, од­го­во­рен за су­ро­во­ста во ма­че­ње­то и за мор­ни­ча­во­то убис­тво на Цве­тан Ди­мов.

СЕ­ЌА­ВА­ЊА И ЕМО­ЦИИ

– Ги зна­ев Мач­ко­ви, трој­ца­та бра­ќа, од Стру­мич­ко беа. Ма­не бе­ше син­ди­ка­лец, ду­ри и бла­гај­ник на ши­вач­ки­от син­ди­кат. Син­ди­ка­тот го во­деа ле­ви­ча­ри­те и тој ги зна­е­ше си­те. Во 1939 го­ди­на про­не­ве­ри мно­гу па­ри и го исте­раа од Син­ди­ка­тот. Тој, на­вре­ден, се пи­ша Бу­га­рин, вле­зе во по­ли­ци­ја­та и си­те ги пре­да­де. Си­те ак­ции беа не­го­во де­ло, од есен­та 1941 го­ди­на до ју­ни 1942 го­ди­на при­ве­де сто­ти­на.

Ту­ка се­га 88-го­диш­ни­от Ко­чо, сла­би­чок ста­рец, за­ста­ну­ва со пог­ле­дот впе­рен взе­ми, чи­ниш цел свет го но­си на пле­ќи… зад очи­ла­та ус­пеа да ги со­крие сол­зи­те, но нив­но­то гол­та­ње пре­диз­ви­каа тре­пе­ре­ње во не­го­ви­от глас…

– Во ју­ни 1942 го­ди­на на мор­ни­чав на­чин бе­ше уте­пан Цве­тан Ди­мов. Тој бе­ше ме­ѓу нај­по­пу­лар­ни­те во Скоп­је, ота­де мо­стот сѐ до под Скоп­ска Цр­на Го­ра. Го ви­каа Цве­тан Ча­ир­ча­не­цот. Ма­не Мач­ков и Кру­ме Кро­сот – Крум Пан­ков, агент и стра­шен те­пач, го со­браа од ули­ца и со де­но­ви го ма­чеа. Ни­што од не­го не из­ва­ди­ја, па го уби­ја, го фр­ли­ја од вто­ри­от кат од по­ли­ци­ја­та. Згра­да­та има­ше сре­ди­штен двор, и ту­ка го фр­ли­ја. Ви­каа де­ка из­бе­гал и сам се фр­лил, а всуш­ност ка­ко ќе бе­га ко­га му ја скр­ши­ле но­га­та? Тие му ја скр­ши­ле во те­па­ње­то, тоа го зна­ев­ме. Ни­што не из­ва­ди­ја од не­го со ма­че­ње со де­но­ви, иа­ко бе­ше во вр­вот на дви­же­ње­то.

„Пре­ки­ну­вај­те го вие во рас­ка­жу­ва­ње­то, тој на дол­го и на ши­ро­ко со де­но­ви ќе рас­ка­жу­ва“, до­фр­лу­ва гос­по­ѓа Је­ли­ца, не­го­ва­та со­пру­га. За­ед­но се од 1935 го­ди­на. Го поз­на­ва таа, го прет­чув­ству­ва емо­тив­ни­от изб­лик низ кој по­ми­ну­ва Ко­чо се­ќа­вај­ќи се на Цве­тан Ди­мов…

– Мно­гу до­бар чо­век бе­ше Цве­тан. Мно­гу ме по­го­ди не­го­во­то убис­тво. Го зна­ев од ка­фе­а­на­та на та­тко ми, „Кру­ше­во“. Тоа бе­ше вла­шко со­би­ра­ли­ште, а тие беа ан­ти­бу­гар­ски рас­по­ло­же­ни. Има­ше бо­га­та­ши Вла­си, да­ваа го­ле­ми при­ло­зи, ту­ка беа По­ле­на­ков­ци, тие имаа же­ле­зар­ни­ца, па Па­па­те­о­до­сиу и дру­ги имот­ни Вла­си.

Презимето неколкупати менувано

Ко­чо и Је­ли­ца има­ат вла­шко по­тек­ло. „Вла­си­те за вре­ме на бу­гар­ска­та оку­па­ци­ја не мо­жеа сло­бод­но да се дви­жат. Мо­раа да има­ат спе­ци­јал­на доз­во­ла, на при­мер и за на ле­кар“, опи­шу­ва гос­по­ѓа Је­ли­ца. За бу­гар­ски­те вла­сти, Вла­си­те не беа „Бла­го­на­дежд­ни Б’лга­ри“. Пре­зи­ме­то Би­то­ља­ну не­кол­ку­па­ти е ме­ну­ва­но. Прв­пат ка­ко Би­то­ља­ну Ко­чо се пот­пи­шу­ва под текст об­ја­вен во пр­ви­от број на „Млад бо­рец“. За вре­ме на срп­ска оку­па­ци­ја бил пре­и­ме­ну­ван во Ко­ста Ко­стиќ, до­де­ка Бу­га­ри­те го за­пи­шу­ва­ат ка­ко Ко­стан­тин Ко­стов. „Ка­кво е то­ва Ко­чо, то­ва не е име, ти се каз­ваш Кон­стан­тин“, се до­се­ту­ва Ко­чо на пре­и­ме­ну­ва­ње­то.

koco-bituljanu03

ИСТ­РЕЛ ЗА АТЕН­ТАТ

Уште во ма­шка­та гим­на­зи­ја Би­то­ља­ну кон­та­кти­рал со от­по­рот. Ор­га­ни­зи­рал про­те­сти во гим­на­зи­ја­та, ак­ции ка­ко фр­ла­ње ле­то­ци за Илин­ден или дру­ги ди­вер­зии. По убис­тво­то на Ди­мов стиг­на­ла на­ред­ба да се ли­кви­ди­ра Мач­ков. Вр­ска со от­по­рот му би­ле Пе­ро На­ков и Ко­ле Ча­шу­ле. Би­то­ља­ну од­брал трој­ца со не­го, до­би­ле оруж­је, два гер­ман­ски ре­вол­ве­ри „шта­ер“ и еден рач­но пра­вен ре­вол­вер „со бу­рен­це“ и поч­на­ло сле­де­ње­то. „Ча­шу­ле не­кол­ку па­ти ни по­ка­жа и ка­ко се пу­ка, всуш­ност ка­ко да го отко­чи­ме оруж­је­то и да го пов­ле­че­ме оро­зот, ка­кво пу­ка­ње, вед­наш ќе нѐ фа­теа“, се смее се­ќа­вај­ќи се Ко­чо.

– Ни­ко­гаш не бев пу­кал, но не сме­ев да по­ка­жам де­ка ми е страв. Двај­ца што ги од­брав од гим­на­зи­ја­та вед­наш се пов­ле­коа, се уп­ла­ши­ја. Со ме­не ги зе­мав Тр­пе Ја­ков­лев­ски, то­гаш има­ше 17 го­ди­ни, всуш­ност ед­на и пол го­ди­на по­мал од ме­не, а во ак­ци­ја­та ги вклу­чив и Ан­ге­ле Ми­хај­лов­ски, кој има­ше 19 го­ди­ни, и Бран­ко Фриц­кан, врс­ник и со­у­че­ник од гим­на­зи­ја­та.

Спој на класни разлики

Бран­ко Фриц­кан бе­ше бо­гат Евре­ин пре­бе­ган од Хр­ват­ска. Мно­гу бе­ше бо­гат. Има­ле проб­ле­ми ка­ко Евреи та­му. За­ед­но се­дев­ме во клу­па, не­му му одеа ја­зи­ци­те, а јас му по­ма­гав за ма­те­ма­ти­ка. Мно­гу до­бар дру­гар. Ед­наш дој­де кај ме­не, а мај­ка ми по­ста­ви ја­де­ње. Бев­ме си­ро­маш­ни. Ру­чав­ме по­па­ра од рас­ол­ни­ца и ало­ва пи­пер­ка. Тој се вчу­до­ви­де, но ни­што не ре­че, сѐ про­гол­та. По­тоа ме вик­на на ру­чек кај не­го, мај­ка му ми при­не­се три јај­ца на око. Јас мис­лев де­ка тоа е за си­те, но ете ти ја и за не­го но­си иста пор­ци­ја. За прв­пат ви­дов тол­ку хра­на на ма­са.

– Дол­го го сле­дев­ме Ма­не, но се­ко­гаш бе­ше со мно­гу аген­ти, а до не­го се­ко­гаш бе­ше Кро­сот- страв и тре­пет, те­жок те­пач. Или, пак, има­ше мно­гу лу­ѓе на ули­ца, де­ца. А ве­ќе не­мав­ме вре­ме, ни ре­коа де­ка ако не пу­ка­ме, ќе ни го зе­мат оруж­је­то. На 20 август го че­кав­ме поп­лад­не од до­ма, на вра­ќа­ње кон по­ли­ци­ја­та, зад аго­лот на ули­ца­та. Ан­ге­ле од спро­ти да­де знак, се по­че­ша по гла­ва­та, ние ја че­кав­ме не­го­ва­та сен­ка од зад ѕи­дот,па изри­пав­ме пред не­го. Не­ма­ше вре­ме да го из­ва­ди оруж­је­то, му це­лев­ме во сто­ма­кот. Јас пук­нав два­па­ти, Тр­пе ед­наш, а Бран­ко два­па­ти го пов­ле­кол оро­зот, но рач­но пра­ве­ни­от пи­штол на бу­рен­це се заг­ла­вил.

– Мач­ков бе­ше по­го­ден два­па­ти во сто­мак и ед­наш в ра­ка, а во бол­ни­ца пред да почине ка­жал де­ка ме поз­нал. Во пу­ка­ње­то слу­чај­но во но­га сум по­го­дил и еден друг чо­век. По­доц­на доз­нав де­ка тоа бил Пе­тре Бог­да­нов – Коч­ко. (Ма­ке­дон­ски ком­по­зи­тор, опер­ски пе­јач – те­нор и ор­га­ни­за­тор на му­зич­ки­от жи­вот во Ма­ке­до­ни­ја по Вто­ра­та свет­ска вој­на, н.з.)

– Се раз­бе­гав­ме се­кој на сво­ја стра­на… јас со пи­што­лот в ра­ка про­тр­чав низ жит­но­то по­ле во бли­зи­на, сѐ до под­нож­је­то на Вод­но. На­бр­зи­на го со­крив пи­што­лот во ко­ре­нот на ед­на пчен­ка, ту­ка и го наш­ле по­тоа. Пре­ку Вод­но се спу­штив од дру­га­та стра­на, кај Цр­ни­че, до ка­фе­а­на­та „Кру­ше­во“, се за­мив на чеш­ма, ис­пив ка­фе, па оти­дов до­ма ка­ко ни­што да не би­ло. Си­те бев­ме та­ка, ка­ко да сме скр­ши­ле про­зо­рец, а не де­ка сме пу­ка­ле во не­ко­го.

МА­ЧЕ­ЊЕ

След­ни­те два де­на спро­ве­ла го­ле­ма ак­ци­ја и пре­трес низ Скоп­је. То­гаш се при­ве­де­ни си­те – че­тво­ри­ца­та мла­дин­ци, но и На­ков и Ча­шу­ле. Ко­чо Би­то­ља­ну и де­не­ска, по 70 го­ди­ни се се­ќа­ва на изе­де­ни­от ќо­тек. Ра­ска­жу­вај­ќи го опис­но, ми ги по­ка­жа и луз­ни­те што и де­нес све­до­чат за из­жи­ву­ва­ња, на при­мер ка­ко му се га­се­ни ци­га­ри ме­ѓу пр­сти­те на но­зе­те.

– Е тоа те­па­ње не се за­бо­ра­ва. Ме сви­ткаа со ко­ле­на­та на гра­ди, а со ра­це­те мо­рав да ги оп­фа­там ко­ле­на­та. Ми прот­наа стап под ко­ле­на­та и ми ги вр­заа ра­це­те. По­тоа ме диг­наа да ви­сам со пе­ти­ци­те на­го­ре, па удри, удри со гу­ма од ко­чи­ја! Со кра­јот од гу­ма­та ме удри­ја по гла­ва­та, кај уво­то, од то­гаш не слу­шам на таа стра­на. И та­ка со  де­но­ви, ме те­паа си­те. Дој­де и Љуп­чо Јор­да­нов – поз­нат те­пач, агент и шеф на ан­ти­ко­му­ни­стич­ка­та еди­ни­ца. По­тоа ми ка­жаа де­ка по­ми­на­ле 11 де­на, ко­га нѐ со­о­чи­ја си­те, си­те приз­на­ле сѐ…

Су­дот трој­ца­та мла­дин­ци ги осу­дил на 15 го­ди­ни за­твор, до­де­ка Тр­пе, најм­ла­ди­от на се­дум и пол го­ди­ни. Разд­во­е­ни по за­тво­ри­те во Ма­ке­до­ни­ја и во Бу­га­ри­ја, ни­е­ден од че­тво­ри­ца­та дру­га­ри не оста­нал по­дол­го од две го­ди­ни в за­твор. Че­тво­ри­ца­та атен­та­то­ри, по бег­ства­та од за­твор, кон кра­јот на вој­на­та се прик­лу­чи­ле на пар­ти­за­ни­те и се сре­ќа­ва­ле во раз­лич­ни при­го­ди, ка­ко ќе ги на­не­ле об­вр­ски­те и функ­ци­и­те. При­ја­телс­тво­то, по­тоа и ме­ѓу се­мејс­тва­та, оста­ну­ва цвр­сто. Тр­пе Ја­ков­лев­ски ду­ри им бил и вен­ча­лен све­док на Ко­чо и на Је­ли­ца Би­то­ља­ну.

koco-bituljanu02

Прв граѓански брак на Македонци

Ко­чо и Је­ли­ца Би­то­ља­ну се пр­ва­та гра­ѓан­ски вен­ча­на двој­ка Ма­ке­дон­ци. За­ед­но се од 1935 го­ди­на, ко­га би­ле че­твр­то од­де­ле­ние. Во вре­ме на вој­на­та би­ле разд­во­е­ни, Је­ли­ца ја пре­се­ли­ле во Кру­ше­во. За да го по­се­ти во скоп­ски­от за­твор, Је­ли­ца глу­ме­ла на­пад на сле­по цре­во, до­би­ла доз­во­ла за опе­ра­ци­ја и дош­ла во Скоп­је. Ва­ква жр­тва де­не­ска не се на­о­ѓа. На­бр­зо по ос­ло­бо­ду­ва­ње на Скоп­је, Ко­чо ед­но ра­но утро доз­нал де­ка вле­гу­ва во си­ла за­ко­нот за гра­ѓан­ски вен­ча­вки. Ја вик­нал Је­ли­ца од ра­бо­та, ка­ко и двај­ца­та дру­га­ри Тр­пе Ја­ков­лев­ски и Ки­рил Пе­нуш­ли­ски за све­до­ци. Се ре­ги­стри­ра­ле и се вра­ти­ле на ра­бо­та. По­тоа се­кој си за­ми­нал до­ма за да му со­оп­шти на се­мејс­тво­то.

КО­СКА ЗА БУ­ГАР­СКО­ТО ГР­ЛО

Ак­ци­ја­та, атен­та­тот врз Ма­не Мач­ков, мно­гу вли­ја­е­ла во раз­во­јот на на­ста­ни­те во Скоп­ско во те­кот на вој­на­та. Во дру­га ак­ци­ја на­ско­ро е уби­ен и аген­тот Пан­ков. Под­го­то­вка­та на атен­та­тот врз Мач­ков и са­ми­от чин се опи­ша­ни во ро­ма­нот „Под усви­те­ност“ на Ди­ми­тар Со­лев. Филм­ска вер­зи­ја до­ло­вил Бран­ко Га­по. За фил­мот на Га­по и Би­то­ља­ну имал за­бе­ле­шки, ду­ри и на пре­ми­е­ра­та ре­а­ги­рал, осо­бе­но за, ка­ко ве­ли, љу­бов­на­та при­каз­на. Спо­ред Ко­чо, та­ка на лош на­чин е при­ка­жа­на ед­на де­вој­ка на еден од ју­на­ци­те, а по­доц­на таа е уг­лед­на лич­ност во оп­штес­тво­то.

Се­га, се­дум де­це­нии по­доц­на, ко­га исто­ри­ја­та сѐ уште се не­ги­ран од Бу­га­ри­те, прес­ме­тки­те за овој слу­чај се од­ви­ва­ат на ин­тер­нет. Ба­рај­ќи по­да­то­ци за си­те ли­ко­ви од оваа при­каз­на, на­и­дов на би­о­гра­фии на бу­гар­ски, ка­де што од свој агол се рас­ка­жу­ва­ат при­каз­на­та и уло­ги­те. И за Би­то­ља­ну, и за Ја­ков­лев­ски, за Ан­ге­ле Ми­хај­лов­ски, за Ма­не Мач­ков. И за фил­мот „Истрел“ има бу­гар­ска вер­зи­ја на ен­цик­ло­пе­ди­ја­та на ин­тер­нет „Ви­ки­пе­ди­ја“. Иста­та бу­гар­ска кри­ти­ка со бу­гар­ско сфа­ќа­ње на исто­ри­ски­те фа­кти ка­ко и се­га за „Тре­то­то по­лу­вре­ме“. За „Истрел“ ве­лат „тој е игран про­па­ган­ден филм од СРМ“. За „По­лу­вре­ме­то“ на „Ви­ки­пе­ди­ја“ на бу­гар­ски пи­шу­ва, „во сог­лас­ност со ста­ри­те ју­гос­ло­вен­ски сте­ре­о­ти­пи, Бу­га­ри­те се прет­ста­ве­ни ка­ко фа­ши­сти и оку­па­то­ри“.

За жал, за Бран­ко Фриц­кан, хр­ват­ски­от Евре­ин, чи­е­што име е вре­жа­но во бор­ба­та за ма­ке­дон­ска сло­бо­да, не нај­дов ни­што на гло­бал­на­та мре­жа. Спо­ред ка­жу­ва­ње­то на Би­то­ља­ну, тој за­тво­рот го отс­лу­жу­вал во Бу­га­ри­ја, па та­ка единс­твен од не­го­во­то се­мејс­тво се спа­сил од де­пор­та­ци­ја­та на ма­ке­дон­ски­те евреи во ло­го­рот „Треб­лин­ка“. По вој­на­та ос­но­вал се­мејс­тво, чи­и­што по­том­ци и де­нес има­ат бли­ски од­но­си со Би­то­ља­ну.

Кочо и Кочо – идеолог и атентатор

Ко­чо Би­то­ља­ну „имал чест“ да ле­жи со уште еден Ко­чо – Ко­ста Со­лев Ра­цин. Во сеп­тем­ври 1942 го­ди­на Ра­цин е уап­сен во Скоп­је од бу­гар­ска­та по­ли­ци­ја.

Се­дев зад вра­та во ма­ла ќе­ли­ја во тем­ни­на, ко­га чу­ва­ри­те фр­ли­ја не­ко­го вна­тре. Ле­ле­ка­ше по­ве­ќе од ме­не. Јас мол­чам, тој ле­ле­ка, пра­шу­ва кој сум, што сум, јас сѐ мис­лам шпи­он не­кој ми вмет­на­ле. Јас го пра­шу­вам, тој исто отсеч­но од­го­ва­ра. Ме пра­ша ка­ко се ви­кам, ве­лам Ко­чо. „Ко­чо атен­та­то­рот?“ из­ви­ка, „Ела да те бак­нам“, ме по­ви­ка, па ми се прет­ста­ви „Јас сум Ко­ста Со­лев“. Ле­ле, ама се из­гу­шкав­ме и бак­нав­ме, јас сум ги чи­тал не­го­ви­те де­ла, а по­тоа ви­дов и де­ка го знам од ка­фе­а­на­та „Кру­ше­во“, ама не сум зна­ел де­ка е тоа Ко­чо Ра­цин. По­тоа нѐ разд­во­и­ја, се по­бу­нил Љуп­чо Јор­да­нов, ка­ко тоа нѐ ста­ви­ле иде­о­лог и атен­та­тор за­ед­но в ќе­ли­ја – се нас­меа чич­ко Ко­чо.

Разговараше: Наум Стоилковски
Фото: Дејан Станчевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top