Има ли иднина за грчко- македонските односи откако Самарас одби да се сретне со Груевски? Што е тоа што може да ја врати Грција на преговарачката маса?
Шенкер: Еден поглед кон граничните премини со Грција покажува дека има односи и дека има потреба од нормализирани односи. Не знам дали Груевски и Самарас се ликовите што ќе го решат тој спор, но се сомневам. Храброста, сигурно, нема да биде причината поради која двајцата ќе влезат во историјата на својата земји. Грција нема голем интерес за преговарање за овој проблем и убеден сум дека само по притисок на ЕУ и на САД тој интерес би можел да биде стимулиран. Но, поголемото прашање овде е дали македонската влада е подготвена за сериозен чекор напред. Илузорно е да се мисли дека времето работи за Македонија имајќи ги предвид и регионалниот контекст и посебно внатрешната економска и финансиска состојба на Македонија. Последните изјави и на Груевски, а посебно на Иванов, се мошне загрижувачки во таа смисла.
Харалд Шенкер е исклучително добар познавач на прашањата поврзани со регионот и особено со Македонија. Во земјава е често присутен од 1999 година, но сѐ до пред една недела, на различни начини беше вклучен во низа прашања со кои се соочува Македонија. Соработувал со тројцата високи комесари за национални малцинства при ОБСЕ и со невладини организации, чијашто цел била демократизација на македонското општество. Шенкер говори неколку јазици, меѓу кои и албанскиот, а македонскиот е еден од тие јазици што ги говори одлично.
(Целото интервју со Хералд Шенкер можете да го прочитате во најновиот број на неделникот Република што е во продажба од денеска, 9 август.)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.