четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 113 ново

Македонски Телеком и Т-Мобиле со 18 милиони евра профит во првите 6 месеци од годинава

t-home

Македонски Телеком и Т-Мобиле остануваат на водечката позиција и во првото полугодие на 2013 година, според консолидираните финансиски резултати, согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Продолжува трендот на пораст во интернет и IPTV сегментот, а драстично се намалуваат приходите од говорните услуги.
Во текот на првото полугодие на 2013 година, приходите на ниво на Групација изнесуваат 6,3 милијарди денари што претставува намалување од 9,2% во споредба со истиот период во 2012 година. А,нето добивката е намалена за 39,5% и изнесува 1,1 милијарди денари.

Но, и покрај негативните трендови Македонски Телеком според интерните проценки зазема 71% од пазарот во сегментот на фиксна телефонија и 53% во широкопојасен интернет.

Наспроти падот на приходите од говорните услуги, расте интернет и IPTV сегментот. Приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол (IPTV) се зголемија за 8% во споредба со првото полугодие од минатата година. Фокусот на double и triple play пакетите донесе зголемување на DSL корисниците за дури 10% со што корисничката база на DSL на крајот од јуни 2013 година е 180 илјади корисници.

Иако Македонски Телеком, со IPTV услугата влезе како предизвикувач на пазарот што веќе беше доминиран од страна на операторите на кабелски телевизии постигна 58% зголемување на бројот на IPTV корисници во споредба со крајот на јуни 2012 година. Како резултат на квалитетната услуга, интерактивноста и единственото ТВ искуство, корисничката база во вториот квартал достигна број од 80 илјади корисници.

Оперативните расходи, во првото полугодие од 2013 година остануваат релативно стабилни споредено со истиот период минатата година.

 

И Т-Мобиле Македонија останува лидер на пазарот со 48,1% удел според интерните податоци. Намалувањето на приходите се должи на намалувањето на приходите во говорните малопродажни услуги. Но и покрај силната конкуренција, корисничката база на Т-Мобиле на крајот на јуни 2013 година е 1,2 милиони корисници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top