Слободан Томиќ

Историјата на Европа е врзана со Македонија. Се плашам дека пребогатата историја на Македонија и Македонците во иднина ќе им донесе преголеми проблеми, кои ќе им ги наметнат Бугарија и Грција, затоа што се плашат од постоењето на Македонија и Македонците, кои имат морално, политичко и секакво право над нивните територии!, – изјави поранешниот премиер на Англија, Винстон Черчил во врска расправите околу Македонија и Грција.

Од друга страна, за Форумот “Гласот на народот“, британскиот дипломат Робин О Нил, медијатор во грчко-македонскиот спор, разочаран за најновите настани што ги прави бугарскиот државен врв со неговото дрско и неевропско однесување кон соседна држава наметнувајќи нецивилизациски однесувања, кои се косат со европските принципи и стандарди, изјави: На централна јужна Европа и треба Македонија, да биде членка на Европската Унија, а Бугарија треба да го признае тоа. Грција даде многу лош пример во настојувањето да ги наметне сопствените тесни барања на Македонија и за жалење е што Бугарија сега го следи тој курс. Правилен курс е Бугарија да дозволи да започнат преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, а во текот на тие преговори треба да се покренат сите прашања што се конкретно за Бугарија!

Едновремено, од македонската престолнина првиот човек на Летонија, Левиц, во врска со хаосот што го приредува бугарскиот државен врв, предводен од претседателот Радев, Петков, Јотова и останатите, како и блокадата кон Македонија да ги започне пристапните преговори со Европската Унија со став:

ЕУ не е надлежна да ги решава, ниту да дискутира за тие историски прашања. Надлежноста на ЕУ е предвидена со договорот за основање на ЕУ и таму нема да најдете ништо во однос на историските спорови. Ние сме сите демократски држави, историските спорови треба да се стават на страна. Јас би кажал дека историските разлики не смеат да бидат причина да се оспори капацитетот на земја-кандидат да продолжи на патот на пристапување кон ЕУ. Тоа е нашата позиција и сметам дека е и позиција на ЕУ!“

Дали Европската Унија треба да толерира “повампирување“ на фашизмот, како што тоа го прави храбро бугарскиот државен врв, кој на најдрзок начин во градот на конзулите Битола деновиве без никава најава и објаснување отвори на “диво“ или дивоградба?

„Рускиот пилот“ Радев не дојде во Битола, туку место него бугарскиот премиер Петков, заедно со неговата свита, Јотова, потпретседател на Бугарија, министерката за надворешни работи Ганчева и радикалните политиканти поранешните министри Захариева и Каракачанов, без мува да ги лази, кои наоѓајќи село без кучиња си направија приватна веселба отварајќи дивоградба наречена културен дом Ванчо Михајлов“, напишано на бугарски!

Од друга страна, аматерот дипломат, Бујар Османи среќен ќе рече со ваквиот гаф на бугарските власти ние сме “победници“! Наместо конкретен одговор на провокациите, дека Македонија била окупирана бугарска територија, создадена од Јосип Броз Тито, вели, добро било што не сме дозволиле да бидеме обвинети за прекршување на човековите права?! Според него тоа била целта на одредени луѓе.

Дел од присутните имаа намера да испровоцираат наша реакција, токму да обезбедат алиби пред Европската унија и светот, дека навистина имаат право кога велат дека овде не се почитуваат човековите права. Моја должност тој ден беше да не се обезбеди тоа алиби. Мислев и се уште мислам, најважното прашање за нас беше да не дозволиме да се создаде алиби кое ќе го искористат, изјави Османи.

Со потезите направени во Битола, се прекршуваат точките 1 и 6 од членот 11 од Договорот за добрососедство со источниот сосед.

Двете договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности, се вели во членот 11 став 1 од Договорот за добрососедство со Бугарија.

Двете договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи, се вели во членот 11 став 6 од Договорот за добрососедство со Бугарија.

За Османи тоа не било прекршување на договорот, туку спуштање облак над него, но немал да дозволи тоа да го нарушува процесот на преговорите со Бугарија.

Точно е дека е ставена дамка на односите, на разговорите, на преговорите, еден облак е спуштен во сето тоа што се обидовме овие шест месеци да го изградиме за да го расчистиме да го разбистриме воздухот пред нас. Но, не можам да дозволам ова да го руши процесот, изјави Османи.

Политика и дипломатија, господине Османи и останати, секоја чест на исклучоци во владата на Ковачевски, е умственаа не анимална или анална работа… Тоа значи, треба да се користи и практикува умот, а не други делови од телото!

Да биде уште поголем скандал од друштвото или дружината на Ковачевски, освен избликот на Османи, дека во овој резил испаднавме победници, а бугрските челници главни фраери воскреснувајќи го ликот на фашистот и нарачателот на стотина убиства на македонските дејци и напредни сили Ванчо Михајлов, премиерот Ковачевски како да потонал и изгубен, ниту збор да каже, едноставно изгубени во просторот и времето како да не се случува овој светски скандал и преседан што го организира бугарскиот врв и реализирал во центарот на Битола. Освен реакцијата на претседателот на Македонија Пендаровски.

За претседателот Стево Пендаровски, именувањето установи според соработник на фашистички режим не помага на добрососедството. Иако отворањето културни центри е чекор кон зближување на народите, како што вели Пендаровски, именувањето на тие установи според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна, не и’ служи на таа цел.

Не спорејќи ја добрата намера на премиерот Петков, во Битола во составот на бугарската делегација беа и двајца претставници на поранешната власт во Софија кои беа најгласни противници на македонскиот пат кон Европа.

Со самото нивно присуство и изјави, беа минимизирани пораките за добрососедство и соработкаиспратени од бугарскиот премиер. За жал, во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави, рече Пендаровски.

Покрај изјавите на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриовски, кој остро го осуди чинот на бугарските власти и дивоградбата во Битола, се огласи и првиот човек на МВР Оливер Спасовски: “Ова што се случи во Битола, отворањето на овој центар и тоа со име на еден учесник или соработник на Хитлер и фашистичкиот окупатор за мене е неприфатливо и тоа претставува провокација и никако нема да придонесе кон подобрување на односите, ниту ќе ја подобри климата во Бугарија и Македонија. Цврсто стојам на ставот, дека нашата земја е никната од народно-ослободителната борба и тие придобивки ги почитувам максимално, тоа го прави секој граѓанин. Борбата против фашизмот во тоа време е придобивка која сите ние, идните генерации, мораме да ја сочуваме, да ја негуваме, со цел да не ни се врати нешто што беше погубно за целиот свет. Сметам дека сите политичари треба да се свртат кон индината, важно е при носењето одлуки да се фокусираме на идните генерации и да не загрозиме ништо што досега го имаме,“ – рече Спасовски.

Очигледно министерот Спасовски го “разбуди“ од сон премиерот Ковачевски да даде изјава, дека го осудува чинот кој се случил една недела пред тоа.

Силно одекна и новата “акробација“ на претседателот Радев: “Обидите на нивните (македонски) политичари да изградат идентитет врз основа на фалсификатите на Комунистичката интернационала се против интересите на граѓаните на РМ кои сакаат членство во ЕУ. Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михајлов го одби Хитлер да ја вклучи Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Не беше Иван Михајлов, туку други луѓе кои убија десетици илјади во концентрационите логори за време на воспоставувањето на диктатурата во Македонија. Само затоа што решиле тие да се нарекуваат Бугари а не Македонци. Ова е фашизам!“

Дали Радев знае што се концлогори и што е фашизам во вистинска смисла на зборот? Оттука и прашањето: Кој транспортира 7.144 македонски евреи во Треблинка,за нивно ликвидирање, за потоа Македонија да ја обвинува за концлогори?

Работите да бидат јасни, не се сите во соседна Бугарија со истата мантра како ,,авантуристите,, предводени од Румен Радев,има и такви кои се спротивставуват на ваквиот не добрососедски и европски чин на лидершипот на бугарскиот врв, но не може да се изостави и “тврдокорната“ Захариева: “Признавањето на бугарските корени го ставаат ад-акта прашањето за македонско малцинство. Македонија мора да признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени, доколку сака да започне преговори со ЕУ,“ – порача во интервју за Ројтерс,поранешната бугарската министерка за надворешни работи Захариева. Но, не изоставува и ставот за бугарскиот страв од македонското малцинство.

Ако не може “Голема Бугарија” во сегашноста, тогаш барем во минатото! Со тоа што ќе ги “уценат“ Македонците, во мигот кога се во неволја, да признаат дека барем порано биле Бугари.

Проблемите што ги отвора Бугарија не ѝ припаѓаат на Европа во 21 век, вели германската дипломатка Сузане Шолц.

Дали некој зборува македонски или бугарски јазик, не е тема која треба да се отвора во цивилизирана Европа, порача германската дипломатка Сузане Шуц, директорка за земјите од Западен Балкан при Министерството за надворешни работи на Германија заедно со директорката за европска политика во германското МНР, Сабине Штер, на панел-дебатата организирана во Скопје на тема “Западен Балкан и ЕУ во контекст на новите безбедносно-политички предизвици“.

Двете германски дипломатки изминатите денови престојуваа во Софија каде што со бугарските власти разговарале околу можностите за надминување на спорот кој веќе две години го блокира почетокот на пристапните преговори со ЕУ на Македонија.

Сабине Штер вели дека не знае дали владите ќе успеат да најдат решение за спорот, но гледа “позитивни знаци“. Таа го повтори германскиот став, дека не може да се дозволи вклучување на идентитетски прашања во Преговарачката рамка.

Прашањата за идентитетот и историјата не можат да имаат место во преговарачкиот процес во ЕУ, – рече Штер. Според Шуц, “некои компромиси ќе бидат неопходни“, а тешкото прашање е „колку далеку да се оди со компромисот“.

За „бугарската авантура во градот на конзулите, Битола во режија на претседателот Радев и неговите братја во политичката офанзива, на „бугаризација“ на држава, која е суверена и независна и меѓународно призната од повеќе од 140 држави во светот под уставното име Република Македонија ,со македонско население и со мајчин македонски јазик, што преставува нецивилизациски чекој во втората декада од вториот милениум,се огласи и претседателот на најголемата опозициска и политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицковски. Тој меѓу другото порача: Останува да се запрашат ЕУ и САД, како наши стратешки партнеридали како главни чинители на безбедноста и стабилноста на светската политика, силно ќе мавнат на маса и конечно стават крај на ова лудило, кој го води претседателот Радев и премиерот Петков, а во асистенција на неспособната македонска влада предводена од Ковачевски?

И на крајот останува дилемата дали нашиот источен сосед Бугарија ќе се откаже од идејата за остварување на сонот на Тодор Живков за бугаризација“ на Македонија…?!“

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.