петок, 31 октомври 2014 | Вести: 64

Крал­ско­то се­мејс­тво што 150 го­ди­ни ја уби­ва Ма­ке­до­ни­ја

Тие се, всуш­ност, ед­но се­мејс­тво, сите потекнуваат од династијата Сакс-Кобург Гота, кое ве­ќе еден и пол век не мо­же да ре­ши во чи­ја ку­ќа ќе вле­зе Ма­ке­до­ни­ја, а сме­тка­та за тоа ја пла­ќа­ме ние

saksoburgoski-buckovski

Ло­ка­ци­ја: Со­фи­ја. Пе­ри­од: 12-14 ју­ли 1935 го­ди­на. На­стан: Ре­ли ме­ѓу ју­гос­ло­вен­ски­те „Со­ко­ли“ (ме­ѓу нив и Ма­ке­дон­ци) и бу­гар­ски­те „Ју­на­ци“. Страс­на тр­ка ме­ѓу мла­ди­те авто­мо­бил­џии и дру­гарс­тво… поч­ну­ва­ат да се ре­дат пес­ни за за­ед­ниш­тво­то ме­ѓу нив, пес­ни за бал­кан­ска фе­де­ра­ци­ја, за „си­ктер“ на лон­дон­ски­те бан­ка­ри и за кру­ни­те на Ко­бур­зи­те…

Но, се по­ја­ву­ва не­кој „ко ов­де ни­је наш“, ка­ко што ве­лат Ср­би­те.

На пос­лед­ни­от ден од ре­ли­то, од ни­ка­де се по­ја­ву­ва­ат сом­ни­тел­ни ти­по­ви со ром­бо­ид­ни гла­ви, об­ле­че­ни во бе­ло. Се на­ре­ку­ва­ат бу­гар­ски „су­пре­ма­ци­сти“. Во­о­ру­же­ни со др­ве­ни пал­ки и со син­џи­ри тие див­јач­ки вле­ту­ва­ат во со­фи­ски­те ка­фе­а­ни ка­де што се ве­се­лат мла­ди­те Бал­кан­ци и – те­па­ат. Сѐ по ред. Бу­гар­ски­те вес­ни­ци, ди­ри­ги­ра­но из­ве­сту­ва­ат за те­пач­ки ме­ѓу „со­ко­ли­те“ и „ју­на­ци­те“ за ме­ѓу­на­ци­о­нал­на омра­за, за про­те­ру­ва­ње на „Ци­га­но­ср­би­те“ од Бу­га­ри­ја. Ме­ѓу­тоа во Со­фи­ја има и дру­ги но­ви­на­ри, кои зна­ат за што се ра­бо­ти и пре­циз­но из­ве­сту­ва­ат.

Гор­ни­от во­вед на овој текст е па­ра­фра­зи­ран од кни­га­та „Бу­гар­ски­от за­го­вор“ на бри­тан­ски­от но­ви­нар Џо­зеф Свајр, до­пис­ник на „Рој­терс“ во тоа вре­ме. Оваа кни­га до де­нес е за­бра­не­та во Бу­га­ри­ја. Свајр пи­шу­ва за искомп­ле­кси­ра­но­ста на бу­гар­ско­то оп­штес­тво со те­о­ри­и­те на за­го­вор, но ов­де ние го пре­зе­ма­ме овој на­стан ка­ко из­во­нред­на илу­стра­ци­ја на не­де­ла­та на европ­ско­то крал­ско се­мејс­тво и за тра­ге­ди­ја­та што му ја при­ре­ди­ја (и при­ре­ду­ва­ат) на ма­ке­дон­ски­от на­род – а и на дру­ги­те на­ро­ди. Но, прет­ход­но да го ви­ди­ме зак­лу­чо­кот на Свајр.

Бу­гар­ски­те „су­пре­ма­ци­сти“, всуш­ност, беа нај­те­шки кри­ми­нал­ци, кои тој ден при­вре­ме­но беа ос­ло­бо­ден од со­фи­ски­от за­твор и во­о­ру­же­ни со сту­де­но оруж­је од по­ли­ци­ја­та за да ги пре­те­па­ат мла­ди­те. И тоа ди­рект­но по на­ред­ба на бу­гар­ски­от цар Бо­рис. Име­но, тој е тој што не е „наш“.

Целиот текст за влијанието на европското кралско семејство врз Македонија, во минатото и денес, прочитајте го во последниот број на неделникот Република, кој е веќе во продажба.