На 12.03.2023 од слобода се лишени Н.Б. и Е.Б. и задржани во полициска станица затоа што заедно со уште неколку лица на 12.03.2023 околу 01 часот на ул. Х.Т. Карпош во Скопје, во близина на клучка Радишани, физички ги нападнале П.П. (полициски службеник кој не бил на работа), Д.К. и Ф.Г..

Според пријавеното, Н.Б., Е.Б. и М.С., кои биле со возило „бмв“, како и неколку лица кои биле со возило „цитроен“ му го блокирале патот на возилото „рено“ во кое биле П.П., Д.К. и Ф.Г. и почнале да удираат по возилото и физички ги нападнале.

Потоа П.П. испукал неколку пати во воздух од службениот пиштол, по што лицата кои биле со возило „цитроен“ се дале во бегство.

На нападнатите им е пружена лекарска помош во Клинички центар Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.