Претседателот Стево Пендаровски прими делегација од израелскиот Парламент – Кнесетот, предводена од Хамад Амар, претседател на Парламентарната група за пријателство и соработка помеѓу Државата Израел и Република Македонија.

Членовите на Кнесетот престојуваат во посета на земјава по повод одбележувањето на 80 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка.

Осврнувајќи се на претстојните комеморативни настани, на кои ќе се оддаде достојна почит за загубените животи на Евреите, Пендаровски посочи дека Македонија ќе продолжи со своите заложби и политики за сеќавање на Холокаустот и борбата против антисемитизмот, како наша заедничка историска и цивилизациска одговорност.

На средбата се разговараше за зајакнување на соработката меѓу двете држави на сите полиња, а беше посочена и улогата на еврејската заедница во Република Македонија и беше изразено уверување дека таа и натаму ќе продолжи да го дава својот активен придонес за севкупниот развој на државата, како и во негувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

Пендаровски се заблагодари за приниципиелната поддршка од Државата Израел во изминатиот период и изрази подготвеност за унапредување на севкупната билатерална соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.