Европа ја доживеа втората најтопла зима од почетокот на мерењата во 1979 година, објави Службата за мониторинг на климата на ЕУ, додека посуви од просечните услови се забележани во големи делови од Западна и Југоисточна Европа, како и во руските региони.

Многу повисоки температури од просекот се измерени во Источна Европа и делови од североисточна Европа, објави Службата за климатски промени Коперник.

Температурите биле под просекот на Пиринејскиот Полуостров.

Според извештајот, најтопла зима од почетокот на мерењата била 2019/2020 година.

На глобално ниво, овогодинешниот февруари беше петти најтопол откако се вршат мерењата, според Коперник.

Поголемиот дел од Европа имаше натпросечни температури на воздухот, особено северна Норвешка и Шведска, како и (норвешкиот регион) Свалбард, додава службата на ЕУ.

Свалбард е архипелаг помеѓу норвешкото копно и Северниот пол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.