Главиот државен ревизор Максим Ацевски во ТОп тема на Телма рече дека Државниот завод за ревизија утврдил дека за време на пандемијата граѓаните платиле дури 19,9 милиони евра за ковид тестирања во приватните лаборатории.

Земајќи го бројот на извршените тестирања за ковид 19 применувајќи ја најниската цена на еден тест, констатиравме дека од граѓаните се одлеале 19,9 милиони евра. Дали во даден момент во услови на криза државата требало да донесе одредена цена со која ќе ја фиксира услугата за тестирање, останува јавноста и надлежноте органи да утврдат, рече Ацевски.

Ацевски исто така упати и критика до институциите дека ги занемаруваат нивните препораки и укажувања, посочувајќи го како пример извештајот кој го изготвиле пред 10 години за подготвеноста на државата да се справи со евентуална пандемија.

Констатиравме дека немаме доволно сместувачки капацитети, дека немаме доволно професионални работници кои трба да се занимаваат со пандемија, нема доволно персонал, дека старосната структура на персоналот не е доволна, дека нема доволно медицински материјали, констариравме дека немаме простори за карантин итн., но за жал по тие наши препораки и укажувања во суштина не се презема ништо, рече Ацевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.