Терористичкиот напад во руската област Брјанск ќе биде внимателно истражен и ќе бидат преземени сите неопходни превентивни мерки за да се спречат вакви инциденти во иднина, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

„Вчерашниот терористички напад секако ќе биде детално истражен и ќе ги преземеме неопходните мерки за да спречиме вакви инциденти во иднина“, рече Песков на брифинг со новинарите.

Михаил Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, повторно демантираше дека Украина извршила какви било напади на руска територија, објави британскиот весник „Гардијан“.

„Експлозии на критични објекти; неидентификувани дронови кои напаѓаат региони на Руската Федерација; конфликти на банди; напади врз населени места – сето тоа се директни последици од губењето на контролата во Руската Федерација и последици од војната; Украина не е вмешана во внатрешните конфликти во Руската Федерација“, рече Подољак.

Русија вчера ги обвини украинските сили за упад во нејзините граници, што Кремљ го опиша како тероризам, а претходно оваа недела го отфрли негирањето на Подољак дека Украина лансирала беспилотни летала кон цели во Русија, пишува весникот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.