Music Time Ви претставува, уникатен концерт на Македонска Филхармонија – “Ima Neka Tajna Veza – made in Sarajevo”

На 04.03.2023 во Филхармонија – Скопје со почеток од 20ч.  во изведба на Македонската Филхармонија ќе биде претставен уникатниот балкански проект,  “Ima Neka Tajna Veza – made in Sarajevo”.

Под диригентската палка на Ранко Рихтман и Јосип Цвитановиќ, овој фантастичен проект продуциран од Никша Братош и Томислав Кашљевиќ, ги обработува  безвременските хитови на најголемите музички звезди од Сараево: Индекси, Бијело Дугме, Здравко Чолиќ, Амбасадори, Тешка Индустрија, Кемал Монтено и многу други!

Како вокални солисти ќе настапат дел од најголемите балкански звезди:

Аида Мушановиќ Арсиќ , Нермин Пушкар – (БиХ),

Марко Кутлиќ , Роберт Чолина – (ХР)

Влатко Лозаноски ЛОЗАНО, Агни Авшар – (MK)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.