Синдикатите од јавниот сектор едногласни дека со предлогот на Законот за системот на плати во јавниот сектор се намалуваат правата на работниците во делот за платите и се елиминира можноста за уредување на оваа материја со колективните договори со што значително ќе се влијае на укинување на колективните договори во јавен сектор во кои се уредени системот на плати и нивната исплата, а за што ССМ изминатиот период предупредуваше.
На денешниот состанок на кој учествуваа скоро сите Сојузи, Конфедерации и грански синдикати од јавниот сектор, синдикатите покажаа несогласување со Законот за системот на плати во јавниот сектор и го покажаа своето единство против намерата на Владата да стави рака врз колективното договарање во јавниот сектор и со тоа да ги укине колективните договори.
Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат во јавен сектор ниту пак било која друга Конфедерација или пак грански синдикат, во ниту еден момент не биле ниту вклучени, ниту информирани за подготовката на Предлог на Закон за системот за плати во јавен сектор кој Владата.
Состанокот се одржа во рамките на Синдикалната школа организирана од ССКЦ на тема Новиот нацрт Закон за состемот на плати во јавниот сектор и неговото влијание на улогата и значењето на синдикатите и на колективното договарање, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.