Коњ, за кој не се знае дали бил користен како превозно средство, бил влечен утрово по скопските улици со автомобил. Ваква страшна глетка начекале скопјани.

Три лица биле во автомобилот со кој бил влечел коњот, кои во момент излегле од возилото кога коњот паднал.

Случајот предизвика лавина реакции во јавноста и загриженост меѓу граѓаните. Не е познато дали ваквиот настан е пријавен во МВР.

Вакви слики од коњи кои се измачувани низ улиците имаше и изминативе години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.