Семејството Груби трупа голем имот, за кој нема покритие како е стекнат, фатен во тесно Артан Груби призна и го инкриминираше и сопствениот брат.Дуќанот на улица „Македонија“ по пазарни цени, какви што плаќаат сите граѓани во државата чини половина милион евра, тоа е реалната цена на дуќанот, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Груби фатен во тесно во обид да се одбрани кажа дека дуќанот неговиот брат го земал за 100.000 евра кредит, и со тоа длабоко го инкриминираше, кажувајќи дека разликата помеѓу реалната пазарна цена и продажната е 500%.До нас стигнаа информации дека Груби излажал и кога кажал дека кредитот на брат му бил 100.000 евра. Имено според информациите со кои располагаме, брат му подигнал хипотекарен кредит од 82.000 евра. Да, 82.000 евра, за 127 м2 дуќан во центарот на Скопје на улица „Македонија“. Прашањето е од каде доаѓа остатокот од парите?

Веќе кажавме, а и граѓаните знаат, но и институциите, дека квадратен метар за деловен објект во центарот на Скопје на таа локација се движи од 3.000 евра до 4.000 евра.

Зошто некој на братот на Груби наместо за половина милион евра би му продал дуќан за 100.000 евра, и со тоа да му поклони 400.000 евра? Која е економската логика на продажбата? Единствено што може да се заклучи во ваков случај е или Груби да ги платил остатокот од парите во готово, за да се избегне и да се прикрие потеклото на таквите пари или е направено давање на друга ствар или ветување за компензација.

ЈО е должно да реагира, и да не чека да помине гневот на јавноста, зошто тука има индиции дека е сторено кривично дело прикривање на потекло на несразмерно стекнат имот од чл. 359а од КЗ, со јасно пропишана санкција.

ДКСК да иницира постапка за испитување на потеклото на имотот и парите на братот на Груби, што е пропишано со чл.96 од Законот за спречување на корупција. Затоа што од досегашните информации кои ги изнесовме во јавност, несомнено е дека  постојат докази дека член на семејството Груби се стекнал со значителен имот кој освен што е купен по нереална цена туку и со средства кои ги надминуваат приходите на пријавените браќа Артан и Ветон Груби.

Институциите да не подлегнуваат на притисокот на Груби, да се охрабрат и да отворат случај. Политичката корупција мора да биде најстрого казнета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.