Денеска со почеток во 11 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе одржи свеченост на која ќе го одбележи 13 февруари – Денот на Друштвото на писателите на Македонија.

За 76-годишнината на Друштвото на писателите на Македонија ќе говори претседателот Христо Петрески, а свеченоста ќе биде збогатена со врачувањето на годишните награди за критика и есеј, поезија, проза и литература за деца и млади.

На свеченоста ќе бидат соопштени и новоизбраните почесни членови на Друштвото на писателите на Македонија од странство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.