Евроамбасадорото Дејвид Гир ја осуди изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во врска со територијалните претензии и ја оцени како неприфатлива.

Во врска со неодамнешните изјави на европратеникот Џамбаски за територијални претензии, амбасадорот Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави. Тој подвлече дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

За вчерашните забелешки кон претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир истакна дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ.

Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кој било, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава, се вели во пишаната изјава од евроамбасадорот Гир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.