Попустливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесоа нова блокада, се прифатија што бараше Бугарија, а ескалираа  односите, напоменува ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ апелираше навреме да се реагира со протесни ноти и цврст став, СДС молчеше.Неколку пати до сега Македонија е понижувана или навредувана од страна на бугарски политичари, ВМРО-ДПМНЕ осудуваше, но владата е таа која има политичка моќ, и таа молчеше и дозволи провокациите да одат до недоглед.

И сега кога имаме напади, негации и омаловажувања, од Ковачевски и Османи имаме само бледи говори без реална акција, секогаш кога власта попушта на понижувања има некој криминал кој сакаат да го сокријат.

Со СДС, Ковачевски и Османи имаме само несигурност, понижувања и блокади. Недржавничкиот однос кој власта го покажува на дело е најголемиот пораз кој може да и се случи на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.