Еден од патниците во авионот што се урна во Непал, правел пренос во живо и ги снимил последните моменти пред несреќата, а ова видео веднаш се прошири на социјалните мрежи.

Според тврдењата на социјалните мрежи, се работи за патник од Индија, кој со своите пријатели тргнал на параглајдинг.

При падот на патнички авион со 72 лица во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат за исчезнати.

Ова е најсмртоносната воздушна несреќа во Непал од 1992 година, кога Ербас А300 на пакистанска авиокомпанија се урна во рид на пристапот кон Катманду, при што загинаа сите 167 луѓе во него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.