петок, 31 октомври 2014 | Вести: 0

Секоја четврта Албанка и Ромка сметаат дека со право јадат ќотек од мажот

unicef kampanja logo

Во Македонија родителите сѐ уште ја употребуваат казната „ќотекот излегол од рајот“. Истражувањето што го спроведе УНИЦЕФ за состојбата на жените и на деца во мулти индикторското кластерско истражување покажува мал број родители што физички ги казнуваат децата.

Но, во реалниот живот сликата е сосема поинаква, ваквото воспитување го употребуваат 53 проценти од Македонците, 51 процент од Албанците и 62 проценти од Ромите. Во насилството веруваат и жените. Триесет проценти од Албанките верувале дека е оправдано што добивале ќотек од мажите, по нив се Ромките со 25 проценти, а кај Македонките шест проценти. Дваесет и четири проценти од жените од руралните средини веруваат дека шлаканицата од сопругот не е навреда за нив. Вакви истражувања се направени на целата територија. Најзагрозени се правата на ромските жени и на децата.

- Јазот е многу голем помеѓу сиромашните и богатите – вели Јелдон Шел од УНИЦЕФ.

Од економски аспект, интересно во истражувањето е што и богатите и сиромашните уживаат во вкусот на никотинот. Бројките покажуваат дека секоја четврта жена пуши во бременоста. Позитивно во извештајот е што се зголемува бројот на деца, пред сѐ, во ромските средини кои одат на училиште.