Веста за смртта на легендарниот фудбалер Пеле го потресе светот, а приказната за тоа како славниот Бразилец му го скршил прстот на познатиот актер Силвестер Сталоне стана вирална.
Фудбалската легенда Пеле и го скршил прстот на познатата холивудска супер ѕвезда Силвестер Сталоне со шутирање на неговиот пенал на снимањето на филмот „Бегство до победа“.

Филмот е од 1981 година, за група сојузнички затвореници кои играат фудбалски натпревар против нацистички тим, во кој глумеа Сталоне и Пеле.

Додека го промовираше својот филм „Grudge Match“, објавен во 2013 година, Сталоне ја раскажа неверојатната приказна за тоа како Пеле му го скршил прстот со топка.

Каков удар добив. Сè уште имам скршен палец од обидот да го блокирам пеналот на Пеле. Носеше пар копачки од Втората светска војна, кои имаа челични врвови, а топката беше како топовско ѓуле. Беше двојно подебела и тешка од денешната фудбалска топка“, изјавил Сталоне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.