Нивото на недоверба меѓу двете страни е повисоко од кога било досега, тензиите се уште се високи, но важно е лидерите во Белград и Приштина да почнат да создаваат атмосфера погодна за продуктивни разговори за нормализација на односите, изјави претставникот на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак.

Тој за „Политико“ вели дека она што сега е навистина важно е да не се дозволи ситуацијата да се претвори во нова криза. Лајчак посочи дека рокот во март има за цел да укаже на сериозноста на постигнување договор.

„Се надевам дека за една недела нема да се соочиме со нова криза – или можеме да заборавиме на нормализацијата“, посочи тој.

Лајчак смета дека сегашниот тајминг е идеален за изнаоѓање решение, а доколку се пропушти моментот, спорот може да се одолговлекува со децении.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.