Блок 1 на РЕК Битола утрово е вратен на мрежа, информираат од АД ЕСМ.

По завршувањето на сервисно – ремонтни активности, постројката е во функција и работи со максимален капацитет. РЕК Битола во моментов работи со два од трите блока. Покрај Блок 1, во функција е и Блок
2, а на Блок 3 во тек се активности за монтажа на новиот трансформатор.

Оттаму велат дека годинава заради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.