Украинските сили одбија неколку руски напади во регионот околу спорниот град Бахмут во источната провинција Доњецк, пренесе агенцијата ДПА повикувајќи се на украинскиот генералштаб.

Од Генералштабот, исто така, потврдиле дека украинската артилерија ги погодила руските трупи во селото Половинкино во соседната провинција Луганск, при што биле убиени или повредени околу 150 руски борци.

Сличен артилериски напад врз руски војници во провинцијата Херсон на југ резултирала со смрт на околу 50 војници, а повредени биле уште 100, се вели во извештајот.

ДПА нагласува дека овие информации не можат да се потврдат од независни извори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.