На 27.12.2022 година, со почеток во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија, ќе биде врачена наградата “Даница Ручигај”.

Добитник на наградата е поетесата Вања Изова Велева за книгата “Место за бегство”. Соопштението за наградата ќе го прочита Васил Дрвошанов, претседател на Жири комисијата за наградата.

Свеченоста ќе биде збогатена и со промоција на книгата “Посеани соништа”, во која се објавени песни од сите досегашни добитнички на наградата Даница Ручигај: Елена Пренџова, Бистрица Миркуловска, Љерка Тот Наумова, Билјана Станковска, Марина Мијаковска, Мирјана Тренчева, Љубинка Донева и Вања Изова Велева.

Книгата ќе ја промовираат Кристина Николовска и Христо Петрески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.