Со амин на СДСМ лице вработено во ЈУНП „Галичица“ на позиција шумар ја злоупотребува службата и подолг период дозволува сечење дрва во сопственост на Република Македонија, велат во соопштението од ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид.

Зошто се премолчува пустошењето на националниот парк „Галичица“? Што треба да се случи за надлежните да преземат нешто знаејќи дека лицето и претходно е пријавено за злоупотреба за службената позиција? Ги повикуваме Шумската полиција, СВР Охрид и Инспекторатот за шумарство како одговорни органи да преземат соодветни дејствија и да го расветлат случајот, додаваат.

Покрај тоа, потенцираат и дека вработениот на дрзок начин вршел огромен притисок за вработување на негов близок иако не ги исполнува критериумите, апелирајќи трудовата инспекција да постапи согласно законот и да се произнесе за ваквиот скандалозен непотизам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.