Актерот Рубенс Муратовски, на социјалните мрежи реагира за учебникот по географија во кој погрешно се наведуваат соседите на Република Македонија.

Во овој учебник се наведува дека на исток Македонија се граничи со Албанија, а на запад со Бугарија.

Би помислиле дека е грешка? Секако. Но, не е. Ако ја гледаш картата вака како што е, тогаш е грешка. Но, ако ја гледаш одоздола, тогаш не е, коментира Муратовски.

Претходно и учебникот по Историја и општество за петто одделение, чии автори се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, а издавач е МОН, предизвика бројни реакции од родители.

Како една од грешките што може да се најдат во овој учебник е во Тема 2 – „Населението и за континентите“, каде што пишува дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29.305 метри, а во реалноста врвот е висок 8.849 метри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.