На 14.12.2022 во 22.30 часот на бул. „Партизански одреди“ полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К. (33) од Скопје постапувајќи по пријава околу 21 часот за обид за разбојништво во маркет на ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Скопје.

Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, по што тој е пронајден и лишен од слобода. При преземањето на активности, полициски службеник испукал два пати во воздух. Од страна на вработена во маркетот извршено е препознавање на сторителот при што оштетената посочила дека Б.К. е сторителот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.