Протестите прекинуваат и после оваа прес-конференција автобусите се повлекуваат од блокадите. Ќе му се даде простор на дијалогот што го предложи премиерот Димитар Ковачевски, информира попладнево во изјава за медиумите Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Јовановски соопшти дека по прес-конференцијата ќе изготват ново барање коешто, како што рече, ќе биде во контекст на она што го кажа премиерот Димитар Ковачевски, каде што ќе ги исполниме сите негови сугестии. Тој очекува да бидат повикани на средба со премиерот.

Предложивме она што го кажа премиерот да се испочитува. Денеска по овој прес сите автобуси што се на улица да се повлечат, за да му се овозможи простор на дијалогот што тој го предлага и што за нас е основа за средба на која што како што и самиот спомена ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целава оваа состојба од која што и нему и на пошироката јавност после тие средби се надеваме дека како авторитети од висока институција ќе бидат пренесени во изворна форма на јавноста за таа да не се стави во заблуда, рече тој.

Ленин истакна дека се прифаќа идејата тие како претставници на приватните превозници кои што располагаат со таа документација да ја презентираат на таа средба.

Прифаќаме и инститираме на таа средба да има претставници и од Градот Скопје, но и од ЈСП каде пред него ќе ги соочиме аргументите со кои што располагаат сите три страни, за јавноста да биде посоодветна запознаена. Во целост прифаќаме се што премиерот Ковачевски го кажа, бидејќи вистината е на наша страна и сметаме дека доколку постои таква институционална можност преку отворање на овој дијалог кој мора да биде интензивен и што побргу да се реши, рече Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.