Владата денеска на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на државата заради реализирање на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД на Армискиот полигон „Криволак“.

Обуката, којашто е предвидено да се реализира на 15, 19 и 21 октомври 2022 година на Армискиот полигон „Криволак“, е во организација на Вооружените сили на САД и има за цел зголемување на интероперабилноста помеѓу НАТО и Република  Македонија, се наведува во соопштението од денешната 89-та владина седница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.