Очекувана беше реакцијата СДС по паушалната изјава на Ивановска дека нема да отвори предмет за Ковачевски и аферата Броило, реагираатод ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту не почекаа да ја добијат претставката за Ковачевски и броило, влијанието и вмешаноста во скандал тежок 26.000.000 евра, туку излегоа во јавност дека нема да отворат предмет, веројатно по допрен глас директно од Ковачевски.

Во услови на криза некој профитира, добива 26.000.000 евра, постои сериозна индиција за трговија со влијание, а ДКСК однапред крева раце.

Ова е уште еден во низата коруптивни скандали и спречување на борбата со корупцијата што ја втурна државата во кризи и сиромаштија.

За многу кусо време јавноста ќе ја види спрегата на ДКСК со СДС, стои во партиската реакција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.