Според експертите, некои нумеролошки комбинации се особено моќни, а овие три се непобедливи кога станува збор за привлекување на просперитет во вашиот живот.

Во прашање се следните бројки.

Низа 11 во датумот на раѓање

Луѓето кои имаат две единици комбинирани во датумот на раѓање се екстремно интуитивни, а нивните сетила се особено остри и секогаш внимателни.

Таквите луѓе се обично религиозни или духовни, многу чувствителни, но сепак во моментите кога е потребно многу силни психички, но и физички.

Многу добро ги разбираат другите, сочувствителни се, бараат решенија за туѓите проблеми и се социјално интелигентни и создаваат силни и квалитетни односи со луѓето околу нив. Прекрасно е да се има таков човек за пријател!

Низа 22 во датумот на раѓање

Ако во датумот на раѓање имате двојки една до друга, вие сте практична личност која знае да го примени она што сте го научиле. Вие сте еден од ретките кои можат да учат од туѓите грешки наместо секогаш да се изгорите пред да сфатите како да се однесувате.

Луѓето со низа 22 во датумот на раѓање се одлични лидери, интелигентни се, знаат да се ценат… Затоа, не е чудно што обично постигнуваат големи успеси во животот.

Кога станува збор за љубовта, таквите луѓе целосно му се предаваат на партнерот и успешно ги решаваат сите проблеми и најчесто од конфликтите излегуваат со најдоброто можно решение.

Низа 33 во датумот на раѓање

Бројот три се смета за магичен број во многу традиции. Со причина затоа што укажува на рамнотежа, хармонија, а кога ќе се удвои во датумот на раѓање добивате храбра личност со вродена амбиција.

Таквите луѓе не познаваат пречки и се најсреќни кога имаат предизвик што можат да го надминат. Понекогаш делуваат малку воздржано и ладно, но се крајно емотивни, полни со нежност, љубов, радост и креативност.

Кога станува збор за љубовта, тие знаат да ја почитуваат другата страна, нивните потреби и граници, а доколку ја освоите таквата личност, очекувајте хармоничен однос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.