Нов амандман на постојниот француски предлог, со кој се предвидува сите постигнати голови на вечерашниот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија да одат на конто на нашиот источен сосед, испрати попладнево Фудбалската федерација на Бугарија (ФФБ) до своите колеги од ФФМ.

– Историската неправда, да сме поделени во две држави, со две репрезентации, не’ чинеше прво место во групата и пласман на ЕУРО. Затоа, за да ја исправиме, вие ќе ни ги дадете сите поени што сте ги освоиле досега, како и головите што ќе ги постигнете вечерва, а ние нема да ве блокираме на патот кон шеснаесетникот. За блокадите на патот кон ЕУ, друг пат ќе правиме муабет. – изјави претседателот на ФФБ.

До објавувањето на оваа вест, ФФМ не кажа дали ќе го прифати предлогот на своите бугарски колеги, иако според нашите извори, во случај да биде прифатен, амандманот мора да биде и имплементиран пред почетокот на натпреварот во 20 и 45.


Кооперација

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.