Во овој момент владата не е подготвена да ја преземе топлификација, рече вицепремиерот Битиќи, посочувајќи дека има процедури кои мораат да бидат почитувани и дека е неопходна соодветна анализа од страна на владата.

Е во овој момент. Затоа што некој треба да разбере дека носителите на јавни функции, владата, е избрана од народот за да му служи на народот. За да управува совесно со парите на народот. Во овој момент не сме на пазар, треба да се почне процедура, треба сите процедури да се поминат, треба да се направат соодветни анализи од страна на владата преку операторот ЕСМ, за да се седне и во соодветна законска процедура, евентуално да се преземе сопственоста над тој имот. Никогаш не сме кажале дека може ЕСМ топлификација, како нов субјект, кој што е во склоп на есм, дека ги има средствата и дека ќе ги извадат на маса. Тоа никаде не постои, дури ни во приватен сектор тоа така не функционира. Има процедури како се влегува во облигациони односи. Затоа сметаме дека закупот е единствена опција во овој момент, рече Битиќи.

Вицепремиерот ги увери скопјани дека грејната сезона ќе започне во истиот момент кога временските услови ќе го наложат тоа. Скопје нема друга опција за загревање од топлификација, рече Битиќи, додавајќи дека договорот за закуп од почетокот на годинава меѓу БЕГ и ЕСМ топлификација, со кој се обезбеди греење за скопјани на крајот на минатата грејна сезона, сѐ уште е во сила и затоа ќе има греење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.