Во Градскиот музеј во Крива Паланка е отворена изложбата на фотографии „2030 – постапокалиптична реа на транзицијата“ од Сашо Димоски и промоција на фотокнигата „Во главата пишувам расказ“ од Елизабета Баковска и Сашо Димоски.

„Во главата пишувам расказ“ Баковска ги пишувала од 7 септември до 26 октомври 2018 година. Во период од 50 дена, објавени се вкупно 64 раскази на социјалната мрежа „Фејсбук“. Тие се однесуваат на компресирани сеќавања и размислувања поттикнати од испраќањето и упокојувањето на нејзината мајка.

Димоски, пак, ја поставува оваа изложба како свој личен запис за остатоците од материјалната култура што ја означува и опишува транзицијата на македонското постјугословенско општество во изминатите 30 години.


Неговите фотографии се објективизирана документарна фактографија за нашето транзициско секојдневие, односно тие се визуелни цитати за нашиот ововремен цајтгест, дополнително означени и со сопственото лично разбирање и опит стекнати во текот на протагониствувањето во тоа секојдневие на тектонски и трауматски промени – пишува Катерина Христовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.