Вториот ден од фестивалот „Звукот на Скопје“ донесе уште музика со „Баклава“ „Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, Бла, Бла, Бла, Дориан и Добрила Дуо, „Перија“, „Брука бенд“, „Foolish green“, изложба на плакати од Игор Калц и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“.


Поради дождот дел од настапите, оние предвидени да се одржат на Ибни Пајко, се префрија во просториите на Културно информативниот центар –Скопје, а публиката таму ги исполни салите до последното место и уживаше со секој звук од проектот „Со љубов за Скопје“ на групата „Баклава“, традиционалната музика од Балканот на „Перија“, музичката авантура на Дориан и Добрила Дуо, како и во препознатливите визуелни елементи на колажите на Игор Калц и авантурите на малото куферче од претставата „Куферко, светскиот патник од Македонија“ во која уживаше најмладата публика.


На плоштадот Мајка Тереза, пак, дождот не ги спречи скопјани да дојдат во голем број и да ги следат настапите на бројните македонски бендови кои учествуваа на годинешното издание на „Звукот на Скопје“.

Танцуваа и пееја со нив, ја славеа уметноста, се забавуваа.

Манифестацијата уште еднаш организираше прекрасно музичко патување, а гостите и учесниците испратија модерна, моќна и енергична музичка разгледница за Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.