Европската асоцијација на гордоста (European Pride Organisers Association – EPOA) денеска соопшти дека по неколкунеделен интензивен меѓународен притисок, одлучено е „Европрајд 2022“ да се одржи во Србија.

Претседателката на ЕПОА, Кристин Гарина ја поздрави изјавата на премиерката Ана Брнабиќ за одржувањето на маршот во Белград.

Десетици дипломати, членови на Европскиот парламент, европски и меѓународни лидери ќе им се придружат на активистите на маршот кон Парламентот, соопшти ЕПОА.

Брнабиќ на денешниот прием по повод одржаната недела на „Европрајд“ во Србија на насобраните странски претставници кои пристигнаа во Белград, како и на организаторите на Европрајд во Србија им порача дека ќе бидат безбедни и им се заблагодари нив за доаѓање



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.