Една четвртина од рускиот гас што пристигнува во Турција ќе се плаќа во рубљи, најави рускиот претседател Владимир Путин на средбата меѓу Путин и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на маргините на ШОС.

Москва вети дека ќе ја зголеми испораката на гас за Турција во сите правци.

Рускиот претседател истакна дека Анкара сигурно ги исполнува своите обврски во однос на транзитот на руски гориво.

Притоа, Путин му се заблагодари на својот колега за придонесот во реализацијата на постигнатите договори за извоз на жито од украинските пристаништа,пренесе Ало.рс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.