Владимир Николаевич Сунгоркин, главен уредник на про-Кремљ таблоидот „Комсомолскаја Правда“, почина на 68-годишна возраст. Според весникот каде што работел, на Сунгоркин ненадејно му се слошило за време на службено патување, почнал да се гуши и набргу потоа починал.

„Тоа се случи апсолутно ненадејно. Немаше индикации дека тоа ќе се случи. Бевме во селото Рочино. Возевме, веќе бевме на пат кон Хабаровск, планиравме да пристигнеме навечер, а потоа да одиме во Москва. Се беше добро. Владимир Николаевич рече: ‘Дојдете момци, да најдеме некое убаво место, да јадеме’. Сите доброволно ја поддржаа оваа идеја, изјави заменикот на Сунгоркин, Леонид Захаров, кој беше дел од експедицијата.

Според него, три минути подоцна Сунгоркин почнал да се задушува.

Го изнесовме на чист воздух, но веќе беше во несвест. Всушност, направивме некој вид на… срцева масажа, вештачко дишење… ништо не помогна. Докторот кој го направи првиот преглед рече дека сето тоа е бескорисно, се чини дека е мозочен удар. Но, ова е првичен заклучок, додаде тој.

Според Захаров, телото на Сунгоркин со хеликоптер ќе биде пренесено во Владивосток, а потоа во Москва.

„Комсомолскаја правда“ објави на Телеграм дека Сунгоркин „ненадејно починал“ за време на патувањето за „собирање материјал за книга за големиот пионер на Далечниот Исток, Владимир Арсењев“.

„Комсомолскаја правда“, весникот каде што Сунгоркин работеше со години, е познат како „омилениот весник на Путин“. Весникот е основан во 1925 година и бил официјален глас на Централниот комитет на Комсомол, односно на Комунистичката младинска лига.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.