Советот на Амбасадори на Република Македонија изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи.

Назифи, беше амбасадор на Македонија во Берлин од 2019 година.

– Советот на Амбасадори со голема болка и тага ја прими веста за прераната смрт на нашиот поранешен колега досегашниот амбасадор на Република Македонија во Германија Рамадан Назифи, со кого неколку години тесно сме соработувале и сме ги споделиле искуствата во развојот на дипломатската пракса и афирмација на земјата во меѓународни рамки, се вели во телеграмата со сочувство од Советот на Амбасадори.

По овој тажен повод, се вели во телеграмата со сочувство, Советот на Амбасадори на неговото блиско семејство, на неговите колеги со кои тој соработувал како раководител во дипломатската служба и потоа амбасадор им упатуваме искрени сочуства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.