петок, 19 декември 2014 | Вести: 0

Хаџи-Јанев: Косово не сака да се спои со Албанија

metodi hadzi janev

Професорот на македонската Воена академија, Методи Хаџи-Јанев, тврди дека на Албанија од Брисел и од Вашингтон јасно ѝ било порачано дека треба да се откаже од сонот за Голема Албанија, пренесува порталот „Данас“. Ова во изјава за агенцијата „Бета“, македонскиот воен стручњак го истакнал на конференција на Атлантскиот совет на Србија, во Рума.

Потполковникот Хаџи-Јанев рекол дека во многубројните контакти со претставници на интелектуалците на Косово дошол до сознание дека мнозинското расположение на Албанците на Косово не е во прилог на припојување кон Албанија.