На 25.06.2022 околу 10.20 часот на магистралниот пат Гевгелија – Демир Капија, по клучка Марвинци во правец на с.Удово, полициски службеници од Полициска станица „Богородица“ ги лишиле од слобода Б.А.(50) и А.Д.(47), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело криумчарење мигранти.

При извршена проверка во товарно возило „цитроен џампер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А., во кое совозач бил А.Д., биле пронајдени 24 лица мигранти (12 од Пакистан, пет од Сирија, пет од Индија и две од Авганистан). Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар „Виноjуг“ Гевгелија за понатамошна постапка – информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.