Делумната забрана за движење не се однесува за Парк шумата Водно и Националните паркови Маврово, Галичица, Пелистер и Шар Планина, објасни Стојачне Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

Тој на Фејсбук објасни што значи Делумна забрана  за движење во шумите и шумското земјиште на ЈП Национални шуми.

Оваа делумна забрана се однесува исклучиво на шумите со кои стопанисува ЈП Национални Шуми. Било кои лица кои имаат желба да планинарат во подрачјата во кои движењето е ограничено можат да побарат писмено одобрение за движење во една од 30-те локални подружници на ЈП Национални шуми, објави Ангелов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.