Претседателот на загребското Домовинско движење, Игор Петернел, во пресрет на концертот на бендот ТБФ на Плоштадот на жртвите на фажизмот по повод Денот на антифашистичката борба, порача дека на Загреб му е потребен плоштад посветен на жртвите на комунизмот

Петернел на градските власти им порача „Собирајте смет, а не цвеќиња за Тито“.

Се собравме на плоштадот на жртвите на фашизмот со надеж дека нема да помине многу време и дека конечно ќе го дочекаме плоштадот на жртвите на комунизмот. Мислам дека таков плоштад е клучен и неопходен. Гледаме дека прославата е организирана од градската власт и дека ќе се одбележи датум кој, впрочем, научно и историски е целосно неоснован – изјави Петернал.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.