Петмината бугарски пратеници, кои вчера најавија дека заминуваат од партијата „Има таков народ“ поднесоа барања за напуштање на пратеничката група во Народното собрание.

Николај Радулов, Дејан Петков, Иво Атанасов, Светлин Стојанов и Георги Георгиев станаа независни пратеници, јавија бугарските медиуми. Парламентарната група на ИТН сега во бугарскиот Парламент има 20 пратеници.

Бугарските медиуми јавија дека на Фејсбук се организира национален марш за поддршка на владата на Кирил Петков и Асен Василев што треба да се одржи во Софија на 22 јуни.

Причина најверојатно се потресите во земјава во последните денови и повлекувањето на „Има такви“ од владејачката коалиција. „Целта на настанот е да се одржи мирен марш за поддршка на владата на Кирил Петков и Асен Василев. Сите што сакаат да бидат дел од промената нека дојдат во Народното собрание на 22.06.2022 година во 18:30 часот“, пишуваат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.