Пристигнаа и првите информации од туристите кои летово го одбраа јадранското приморје и Црна Гора за летен одмор. Иако важи за поевтина варијанта во однос на Грција за сместување и за храна, во некои од туристичките места низ Црна Гора годинава изкор скапо ќе ве кошта сетот лежалки со чадор.

На социјалните мрежи е споделена ценовна табла од плажа во Тиват, на која најевтиниот сет чини 25 евра, додека најскапиот – 80.

Повеќето туристи под фотографијата коментираа дека овие цени се превисоки. Работата да биде уште полоша, речиси повеќето од плажите на црногорското крајбрежје се исполнети со лежалки, па сакале или не, ќе треба да платите за сончање.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.