Полициски службеници од Тетово вчера вечерта лишија од слобода девет дилери на дрога во округот на основното училиште во Тетово.

Полицијата ги лиши од слобода Ш.Л.(24), Т.А.(24), Д.Б.(18), Е.Е.(22), В.Л.(19), А.Е.(25), А.Ш.(24), Л.Л.(28), сите од Тетово и Џ.М.(22) од село Стримница, Тетовско, затоа што во нивна непосредна близина биле пронајдени и одземени 21 ќесичка со марихуана, а по извршена проверка било констатирано дека Л.Л. се барал и по судска наредба за издржување на затворска казна, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека Л.Л ќе биде спроведен во казнено поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.