Поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер изјави дека е оптимист и има големи шанси за успех во судскиот процес за измама, кој денеска започна пред швајцарскиот суд.

Блатер насмеан со своите адвокати, пристигна во Федералниот кривичен суд во Белинзона.

„Апсолутно, апсолутно, апсолутно“, рече Блатер на прашањето на новинарите дали е убеден во неговите шанси на судењето.

“Се чувствувам оптимист, како и секогаш, со прекрасното сонце. Ова е првиот ден од судењето, кое ќе трае речиси две недели. Би било лошо да не сум сигурен на првиот ден од судењето. Уверен сум, “, изјави 86-годишниот Блатер.

Блатер седеше сам додека неговите адвокати се обраќаа пред советот од тројца судии. Нему му се суди заедно со поранешниот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини, кога се веруваше дека ќе го замени Блатер на чело на Фајф.

Легендата на францускиот фудбал седи еден ред зад Блатер во судницата со својот преведувач.

Во јуни 2015 година, по 17 години на чело на ФИФА, Блатер поднесе оставка поради корупциски скандал. Неколку месеци подоцна, швајцарското федерално обвинителство ја откри својата истрага за исплата на два милиони долари што Блатер му ги плати на Платини за консултантски услуги во 2011 година.

Блатер и Платини ги негираа неправилностите и тврдеа дека во 1998 година постигнале устен договор за таа исплата. Таа одбрана најпрво пропадна пред Етичкиот комитет на ФИФА, која ги суспендираше од фудбалот, а подоцна и во одделни жалби до Судот за спортска арбитража во Лозана.

„Дали фудбалот е на моја страна? Фудбалот сум јас. 45 години му служев на Фифa, меѓународниот фудбал и тоа е мојот живот, мојот професионален живот. Сега морам да се бранам, но добро ќе се бранам со адвокат и тоа е затоа што имам чиста совест“, рече Блатер.

Судењето се очекува да трае 11 дена, а судот поради здравствената состојба на Блатер секој ден ќе заседава само до ручек. Тој беше во кома пред 18 месеци по операција на срцето.

Комитетот од тројца судии треба да донесе одлука на 8 јули. Блатер и Платини се соочуваат со затворска казна до пет години, но поверојатна опција се условните казни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.