Официјалниот претставник на руската армија, генерал-мајор Игор Конашенков, соопштидека при ракетен напад врз цели во Киев се уништени тенкови Т-72 и други оклопни возила испорачани на Украина од земји-членки на Европска Унија.

Ракети со голем дострел истрелани од руската авијација уништија хангари на периферијата на Киев, во кои имаше тенкови Т-72 и други оклопни возила доставени од источноевропските земји – соопшти Конашенков.

Такво оружје на Украина и беше ветено од Полска, од Словачка и од Чешка.

Претходно, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека утрово во киевските квартови Дарницки и Днипровски се регистрирани повеќе експлозии, како и дека едно лице било повредено.

Истовремено, украинското воено воздухопловство соопшти дека руските сили истрелале неколку крстосувачки ракети во правец на Киев од руски авиони Ту-95, што се распоредени во Каспиското Море. Една од ракетите била уништена од укранската противвоздушна одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.